СДСМ ЌЕ ОДИ ВО ВИЕНА, АМА УСЛОВЕНО

a:1:{s:9:"td_source";s:23:"Скопје(МЕТА)

    СДСМ ЌЕ ОДИ ВО ВИЕНА, АМА УСЛОВЕНО

    Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, сè уште нема донесено дефинитивна одлука дали ќе оди на лидерската средба во Виена, закажана за петок, но големи се шансите сепак да ја прифати поканата на тројцата европратеници, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, велат извори од партијата за „Мета“.

    Кон позитивен одговор на поканата упатува и дел од изјавата на Рената Треневска-Десковска, истакната членка на СДСМ и потпретседателка на Собранието на Република Македонија, дадена за порталот „Фактор“, во која вели:

    „Во Виена ќе се патува со силен стимул од растечкото општограѓанско и антивладино незадоволство.“
    Од партијата, пак, официјално велат дека сè уште немаат донесено конечна одлука и дека се разговара за условите под кои, евентуално, Заев би патувал во Виена.

    Во понеделникот тројката европратеници испрати покани до четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино за нова средба, овојпат во Виена.

    ВМРО-ДПМНЕ веќе соопшти дека нејзина делегација ќе учествува на средбата.

    Неофицијално, Али Ахмети ќе присуствува на средбата, а официјално ДУИ сè уште стои на изјавата „Поканата е примена и се обидуваме да издејствуваме решение за кризата и пред одењето во Виена“.

    Средбата во Виена е уште еден обид на меѓународната заедница за излез од политичката криза и во пресрет на веќе распишаните предвремени избори на 5 јуни, кои опозицијата најави дека ќе ги бојкотира.

    Лидерската средба во Виена нема цел да постави некој нов договор туку да обезбеди имплементирање на постојниот Договор од Пржино, изјави вчера портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

    – Целта на состанокот е да се дискутира за начините за решавање на кризата и да се обезбеди дека лидерите ќе продолжат со имплементација на Договорот од Пржино и со реформските приоритети, за да покажат волја да ја вратат земјата на евроатланскиот пат – истакна Коцијанчич.

    Портпаролката рече дека веќе се испратени покани во име на комесарот Јоханес Хан и на тројцата европарламентарци, кои се посветени на ова прашање за средба со лидерите на македонските политичките партии, закажан за петок во Виена.

    На прашањето зошто средбата е закажана во Виена, а не како досега во Брисел или Скопје, Коцијанчич кратко праша: „А зошто не Виена?“

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира