СОБРАНИЕТО ЌЕ РАСПИШЕ ОГЛАС ЗА НОВ ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ, СОВЕТОТ НА ОБВИНИТЕЛИ ЌЕ ГИ ОЦЕНУВА КАНДИДАТИТЕ

    СОБРАНИЕТО ЌЕ РАСПИШЕ ОГЛАС ЗА НОВ ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ, СОВЕТОТ НА ОБВИНИТЕЛИ ЌЕ ГИ ОЦЕНУВА КАНДИДАТИТЕПо завршувањето на огласот, Владата ги испраќа сите кандидатури до Советот на јавни обвинители. Советот ги разгледува во рок од 15 дена од денот на приемот на тоа барање и праќа назад образложено позитивно или негативно мислење. - Претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски (Фото: СДК.МК)

    Ако Јавниот обвинител на Македонија е разрешен од функцијата, Советот на јавни обвинители одредува негов заменик од редот на јавните обвинители во Републичкото јавно обвинителство. На веб-страната на Јавното обвинителство на Македонија нема кои се замениците на главниот обвинител и колкав е нивниот број. Неофицијално, дознаваме дека има четворица и некој од нив ќе го заменува разрешениот Зврлевски, се до изборот на нов државен обвинител.

    Веднаш по упразнувањето на местото, кое веќе е факт, според член 41 од Законот, Собранието на предлог на Владата распишува оглас за именувањето на Јавниот обвинител на Република Македонија во Службен весник. Рокот за поднесување на пријавите е 15 дена од денот на објавувањето во Службен весник.
    По завршувањето на огласот, Владата ги испраќа сите кандидатури до Советот на јавни обвинители. Советот ги разгледува во рок од 15 дена од денот на приемот на тоа барање и праќа назад образложено позитивно или негативно мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат законските услови.

    Владата до Собранието не ги испраќа сите кандидати кои добиле позитивно мислење од Советот, туку само еден предлог од позитивно оценетите. За кандидатот што ќе го предложи Владата за јавен обвинител на Македонија, кон предлогот задолжително се доставува и мислењето од Советот.
    Ако претходно Советот на јавни обвинители од оправдани причини во определениот рокот не доставил мислење за кандидатите, рокот се продолжува уште за 15 дена. Ако и во овој рок Советот не достави мислење, се смета дека мислењето е позитивно.

    Но, ако Советот не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати или од пријавените кандидати Владата не може да утврди предлог за именување на јавен обвинител на Македонија, ќе мора да му предложи на Собранието да го повтори огласот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира