15 ЛИЦА БАРААТ АЗИЛ ВО МАКЕДОНИЈА, А ВО КАМПОВИТЕ ВО КУМАНОВО И ГЕВГЕЛИЈА ЖИВЕАТ 40 МИГРАНТИ

    15 ЛИЦА БАРААТ АЗИЛ ВО МАКЕДОНИЈА, А ВО КАМПОВИТЕ ВО КУМАНОВО И ГЕВГЕЛИЈА ЖИВЕАТ 40 МИГРАНТИМакедонија е само транзитна зона на бегалците, па поради тоа нема никаква потреба од градење станови за нив, велат од Министерството за труд и социјала. - Дете во кампот во Табановце во октомври минатата година (Фото: Ѓ. Личовски)

    40 мигранти живеат во транзитните центри во Гевгелија и Табановце, а 15 бегалци бараат азил во Македонија. Од министерството за труд и социјална политика за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека токму овие податоци покажуваат дека земјава е само транзитна зона на бегалците, па поради тоа нема никаква потреба од градење станови за нив.

    „Република Македонија е држава која е транзитна станица на бегалците и во минатото, а тоа се покажа и во бегалската криза од 2015-2016 година. Најдобро за тоа говорат статистичките податоци. Бегалската рута е официјално затворена на 9 март 2016 година, во тој период на територијата на Република Македонија имаше околу 1.600 мигранти во двата прифатно транзитни центри во Гевгелија и Табановце. Денешните бројки се 13 мигранти во ПТЦ Гевгелија, 27 мигранти во ПТЦ Табановце и 15 баратели на азил во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил“ вели министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

    Царовска додава дека токму ваквите бројки се доказ дека во Македонија нема потреба од градење на станови за бегалци.
    „Нема никакви станови, тоа е лага. Од ЗЕЛС сме побарале само став за стратегија, а не и за станови. Тоа е лага и спин на ВМРО-ДПМНЕ. Нека покажат барање од министерството за труд и социјална политика за градење станови. Нема такво нешто. Ние бараме локации за градинки“ додава Царовска.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира