Се намалува бројот на пожарникари, а се зголемува бројот на пожари во Кавадарци и Росоман, вели командирот на Противпожарниата служба Илчо Богевски.
„Наместо 27, колку што треба да има според бројот на жители, Кавадарци има само 10 пожарникари“, рече Богевски и додаде ека и со толкав број пожарникари добро одговараат на сите повици и потреби на кавадарчани и росоманци.
Пожарникарите неделава добија хидраулична ножица за отварање и сечење која ќе можат да ја користат при сечење на возила во случај на сообраќајни несреќи.
„Годинава имавме 160 интервенции од кои 100 во градот и на затворен простор, 50 на отворен простор или шумски пожари. Имавме и десет технички интервенци и пет сообраќајки. Во однос на претходната година, поради климатските промени, зголемен е бројот на шумските пожари“, Богевски.