Роже Федерер призна дека не бил ни физички ни ментално подготвен, откако загуби од Хуан Мартин дел Потро со 7:5, 3:6, 7:6, 6:4 во четврт-финалето на Отвореното првенство на САД, со што светот остана покус за нов голем дуел помеѓу Швајцарецот и Рафаел Надал.
Тој ги освои Австралија опен и Вимблдон, а, во меѓувреме, го откажа настапот на Ролан Гарос, со што Дел Потро му го нанесе првиот пораз на гренд слем турнирите оваа година. Истиот тенисер го порази и во финалето на Ју-Ес опен во 2009 година.
„Штета, но Дел Потро го заслужи ова повеќе од мене. Моментално не сум во доволно добра форма да го освојам овој турнир, мислам дека Дел Потро има повеќе шанси од мене го победи Надал. Подобро што отпаднав. Не ми се допадна чувството што го имав на овој меч“, кажа Федерер, кој следната година ќе се обиде да ја освои 20. гренд слем титула.
Иако имаат дури 12 меѓусебни дуели на гренд слем сцената, тоа никогаш досега не се случило во Њујорк.