ДОЈДЕТЕ ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА, ПОБЕЗБЕДНО Е ОД ЛОНДОН

    ДОЈДЕТЕ ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА, ПОБЕЗБЕДНО Е ОД ЛОНДОННајскапата, 15-дневна тура во Северна Кореја чини околу 1.200 долари (Фото: Ројтерс)

    Северна Кореја ги отвора своите врати за руски туристи, одобрувајќи и лиценца на една туристичка агенција од Москва. Најзатворената земја на светот притоа им нуди на туристите целосно запознавање со локалната култура и „забава побезбедна од вечерна прошетка низ Лондон“.

    Руската компанија лиценцирана од севернокорејската влада „НКОРЕАН.РУ“ нуди аранжмани за организирани десетчлени групи или за поединци.

    Гостите прво ќе мора да поминат низ задолжителна темелна проверка и при посетата постојано ќе бидат придружувани од водич. Тие ќе го надгледуваат нивното однесување и ќе се грижат за нивната безбедност. На туристите ќе им биде забрането да фотографираат стратешки и воени објекти, како и долго да разговараат со локални луѓе.

    Најскапата, 15-дневна тура во Северна Кореја чини околу 1.200 долари и нуди посета на музеи посветени на Ким Ил-Сунг, фарма, будистички храм, фабрика за минерална вода и на планини, како и испробување на локалната кујна. Од забавните создржини, вклучени се релаксирање на плажа и пивофест.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира