Интерпелацијата за работата на министерот за надворешни работи Никола Димитров поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не беше прифатена во Собранието, откако нешто пред полноќ „за“ гласаа 43 пратеници, „против“ беа 56, а немаше воздржани.
По гласањето, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина расправата и продолжението на седницата го закажа за утре во 16 часот. На дневен ред на седницата се интерпелацииите за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, исто така, поднесени од ВМРО-ДПМНЕ.