Северна Кореја лансираше уште една ракета од престолнината Пјонгјанг кон Јапонија, објавија медиумите во Јапонија и Јужна Кореја. Јапонските власти велат дека ракетата прелетала преку северниот остров Хокаидо и ги предупреди граѓаните да се засолнат. Јужна Кореја и САД ги анализираат деталите од лансирањето на ракетата која што слета во Тихиот океан, соопшти јужнокорејската армија.
Минатиот месец, Северна Кореја, исто така, лансираше ракета која што прелета над Јапонија. Денешното лансирање, рано наутро во петок по локално време, се случи само само неколку дена по гласањето за нови санкции за Северна Кореја во Обединетите нации, поради нуклеарните проби на изолираната азиска земја.