ФОТОГРАФИИТЕ ОД ЛЕТНИОТ ОДМОР ГИ ИРИТИРААТ ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ НА ФЕЈСБУК

    ФОТОГРАФИИТЕ ОД ЛЕТНИОТ ОДМОР ГИ ИРИТИРААТ ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ НА ФЕЈСБУКИако на луѓето им пречи кога други објавуваат фотографии од одмори, и тие самите го прават тоа (Фото: ДПА)

    Ако мислите дека вашите пријатели на социјалните мрежи сакаат да ги гледаат вашите фотографии од летниот одмор, како уживате на плажа и испивате кафиња, грешите: вие, всушност, сте здодевни и иритирате.

    Барем така покажува истражувањето што го спроведе Германската асоцијација за информатичка технологија, „Битком“: половина од луѓето, односно 51% од испитаниците, не сакаат да гледаат таков тип на фотографии на социјалните мрежи, а повеќе од третина, 36%, се „особено изиритирани“ од нив.

    Исто така, на мажите повеќе им пречат вакви постови отколку на жените.

    Парадоксот е што иако им пречи кога други објавуваат фотографии од одмори, и тие самите го прават тоа.

    Речиси секој втор испитаник (47%) има споделувано вакви фотографии на Фејсбук или на Инстаграм, а шест од десет признаа дека контактираат со пријатели преку Месинџер додека се на одмор.

    Ова, сепак, има и една позитивна страна: четвртина од испитаниците на овој начин имаат добиено идеја каде да одат за следниот одмор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира