ДЕНЕС ДЕМОНСТРАЦИИ ПРЕД УСТАВНИОТ СУД

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДЕНЕС ДЕМОНСТРАЦИИ ПРЕД УСТАВНИОТ СУД

    Денес во Скопје во 18 часот пред зградата на Специјалното обвинитeлство (СЈО) продолжуваат протестите што ги организира граѓанската иницијатива Протестирам. Се планира марш преку мостот Гоце Делчев до Уставниот суд, како „еден од симболите на неправда и корумпираност“, објави Протестирам на својата Фејсбук страна.

    Демонстрантите бараат итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира