КАТАЛОНСКИОТ РЕФЕРЕНДУМ Е НЕЛЕГАЛЕН И ВНАТРЕШНА РАБОТА НА ШПАНИЈА, СООПШТИ ЕУ

    КАТАЛОНСКИОТ РЕФЕРЕНДУМ Е НЕЛЕГАЛЕН И ВНАТРЕШНА РАБОТА НА ШПАНИЈА, СООПШТИ ЕУЕУ ги повика „сите страни брзо да преминат од конфронтација на дијалог“ и вели дека „насилството никогаш не може да биде инструмент во политиката“. - Шпански полицаец се обидува да отстрани граѓани од улица во Барселона за време на вчерашниот референдум за независност (Фото: АП)

    Европската комисија соопшти дека каталонскиот референдум за независност е нелегален според шпанскиот устав. Комисијата го опиша гласањето како внатрешна работа на Шпанија и сугерираше дека нема да ги послуша повиците да интервенира.

    „Како што нагласи неколку пати претседателот Јункер, ова е внатрешна работа на Шпанија и треба да се постапи согласно уставниот поредок на Шпанија. Ако референдумот се организира во согласност со шпанскиот устав, тоа ќе значи дека територијата што си заминува ќе се најде надвор од Европската унија“, соопшти Европската комисија.

    Европската комисија, која што е извршно тело на Европската унија, ги повика „сите страни брзо да преминат од конфронтација на дијалог“ и вели дека „насилството никогаш не може да биде инструмент во политиката“.
    „Имаме доверба во премиерот Маријано Рахој да се справи со овој тежок процес со целосна почит кон шпанскиот устав и кон основните човекови права предвидени со него“, се вели понатаму во соопштението.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира