ОХРИДСКАТА НАСЕЛБА ЕЛШАНИ НЕ САКА ПЛАКАТИ ОД НИТУ ЕДНА ПАРТИЈА

    ОХРИДСКАТА НАСЕЛБА ЕЛШАНИ НЕ САКА ПЛАКАТИ ОД НИТУ ЕДНА ПАРТИЈАНаселбата Елшани е сместена во блзина на езерскиот брег, па затоа освен локалното население овде викендички имаат и граѓани од цела Македонија (Фото: СДК.МК)

    Жителите од  крајезерската населба Елшани кај Охрид велат дека во тек на изборната кампања не сакаат плакати од ниту една политичка партија која учествува во локалните избори.

    „Пoчитувaни жители, без рaзликa oд кoјa и дa сте пoлитичкa oпцијa, aпелирaме и зaмoлувaме дa не пoстaвувaте пoлитички плaкaти oд ниту еднa пoлитичкa oпцијa. Политиката, партиите и политичарите се минлива работа, а Елшани останува вечно за нас, кои не треба да го загадуваме. Избoрите ќе пoминaт, a депoнијaтa пo улиците ќе oстaне. Зa нaс сaмите се рaбoти, зa нaше дoбрo, бидејки сè ќе пoмине, a ние oстaнувaме дa живееме вo Елшaни”, стои во апелот од месната заедница на оваа крајезерска населба.

    Населбата Елшани е сместена во блзина на езерскиот брег, па затоа освен локалното население овде викендички имаат и граѓани од цела Македонија.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира