КОКАИНОТ СЛУЧАЈНО МИ СЕ ИЗМЕШАЛ СО АПЧИЊАТА, ВЕЛИ СУСПЕНДИРАНИОТ ТЕНИСЕР ДЕН ЕВАНС

    КОКАИНОТ СЛУЧАЈНО МИ СЕ ИЗМЕШАЛ СО АПЧИЊАТА, ВЕЛИ СУСПЕНДИРАНИОТ ТЕНИСЕР ДЕН ЕВАНСПризна дека користел кокаин, ама никогаш за време на турнири. - Ден Еванс (Фото: АФП)

    Британскиот тенисер Ден Еванс призна дека користел кокаин, откако доби едногодишна суспензија од Меѓународната тениска федерација (ИТФ), но, како што вели, никогаш не го правел тоа за време на турнирите.

    Тој имал позитивен допинг-тест за време на турнирот во Барселона, што се играше во април, но ИТФ му ја изрече казната дури шест месеци подоцна.

    „Не сум зел кокаин за време на турнирот. Веројатно влегол во мојот организам преку апчињата, што сум ги држел во истиот џеб како и ќесичката со кокаинот претходно. Кога сум испил апче, на него веројатно имало траги од кокаин“, се правдаше 27-годишниот Еванс.

    Еванс, кој моментално се наоѓа на 107. место на АТП-листата, вели дека ова не е крај на неговата кариера и е посветен да му се врати на својот омилен спорт веднаш откако ќе му истече суспензијата наредниот април.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира