Вкупно 1.814.644 гласачи денеска од 7 до 19 часот ќе може да гласаат за идниот градоначалник и за членовите на советите на општините во коишто живеат. Гласањето е непосредно и тајно, а за сите нерегуларности, граѓаните може да се обратат до Државната изборна комисија, Народниот правобранител, Привремена комисија за следење на изборните неправилности при Јавното обвинителство, невладината МОСТ, до Хелсиншкиот комитет на Република Македонија, набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР и невладината организација ЦИВИЛ.
Изборни нерегуларности може да се пријават на следниве броеви:
Државна изборна комисија (ДИК)
Тел: 0800 555 44
Е-пошта:[email protected]
Привремена комисија за следење на изборните неправилности при Јавното обвинителство
Е-пошта: [email protected]
МОСТ
Тел: Бесплатна линија 080 080 080
Интерактивната веб-платформа neregularnosti.most.org.mk
Народен правобранител
Скопје: 02 3129-327 и 3129-367
Битола: 047 242-310
Кичево: 045 228-586
Куманово: 031 431-488
Струмица: 034 329-996
Тетово: 044 344-082
Штип: 032 389-701
Хелсиншки комитет
Тел: 02-3119-073
е-пошта: [email protected]
Мисија на ОБСЕ/ОДИХР Скопје
Тел: +389 2 323 4000
Е-пошта: [email protected]
Цивил
Тел: 02 5209- 176; 071 608-523; 078 745-138
Е-пошта: [email protected]
Секој граѓанин мора да се идентификува со личен документ – лична карта или пасош, да биде проверен со УВ-лампа дали претходно гласал, а потоа да биде испрскан на дланката со УВ-спреј, по што ќе добие едно ливче, чиј број не смее да биде запишан каде било од страна на избирачкиот одбор, а потоа со заокружување на само еден број пред името на кандидатот или на листата на советници, да го искаже својот глас.
Изборите ќе се спроведат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Скопје. На шестите локални избори во независна Македонија учествуваат кандидати за градоначалници и за советници од 19 партии и коалиции, а 64 се од групи избирачи.
Вториот круг од изборите е закажан за 29 октомври. Тогаш ќе се гласа само за двајцата најдобро пласирани кандидати за градоначалници од првиот круг во кој не е постигнат условот за јасна победа во првиот круг.
Изборите ќе ги следат 5.011 домашни и 373 странски набљудувачи. Според податoците објавени на веб-страницата на ДИК, од домашните, најголем број акредитирани набљудувачи има МОСТ, 2.843.
Од странските, најголем број набљудувачи има Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР – 198, потоа Амбасадата на САД во Македонија – 33, Делегацијата на ЕУ – 23, како и Меѓународниот студиски центар за избори (IESC), со 18 набљудувачи.