Премиерот и лидер на владеачката СДСМ Зоран Заев заедно со сопругата Зорица гласаше на избирачкото место 1730 во училиштето „Никола Вапцаров“ во Струмица, каде и како градоначалник го користеше своето уставно право. Тој по гласањето кажа дека овие избори се важни за раст и развој на општините во земјава, а посака граѓаните на Македонија вечерва сите да се чувствуват победници.
„Денеска е голем ден за демократијата и слободата во Република Македонија. Ден кога граѓаните избираат продолжување и заокружување на промените во нашата земја. Денеска по пат на фер демократски и слободни избори, граѓаните ќе го искористат своето уставно право и ќе заокружат евроатлантска интеграција на Македонија, ќе заокружат едно општество за сите во Македонија, ќе заокружат развиени економски општини, развиена економска држава. Се надевам на фер и демократски избори. Само така сите победуваме во Македонија. А на крајот, преку нашиот глас и преку процентот на излезеност навистина даваме поддршка за иден раст и развој на сите наши општини во нашата земја. Им посакувам на граѓаните вечрва сите да се чуствуваат победници“, рече Заев по гласањето во Струмица
В. ТРАЈКОВ