Граничните премини Богородица, Меџитлија и Дојран, поради штрајкот на грчките царински служби се затворени за секаков вид товарен сообраќај од земјава кон Грција. Се пропуштаат само патнички моторни возила и тоа наизменично, на секој час по 20-тина минути.
Претпладнево на Богородица нема гужва, а во меѓупросторот се заглавени десетина камиони од Србија и Романија кои не биле информирани за штрајкот на грчката царина.
Затворен е и железничкиот товарен сообраќај, а утрово бил пропуштен само патничкиот воз кон Солун.
Грчките царинарници преку својот синдикат бараат поголеми плати и подобар статус од нивната влада. Штрајкот на Богородица и Меџитлија ке трае до утре до 6 часот, а Дојран вечерва до полноќ.
В. ТРАЈКОВ