ГРУЈЕВСКИ И БОШКОСКИ САКАЛЕ ДА БЕГААТ КАЈ ОРБАН

    ГРУЈЕВСКИ И БОШКОСКИ САКАЛЕ ДА БЕГААТ КАЈ ОРБАНПартиските лидери Никола Груевски и Виктор Орбан на тераса на охридскиот хотел каде што се одржа средбата. (Фото: Д.Чубриќ)

    Горан Грујевски и Никола Бошкоски биле вчера уапсени на аеродромот во Солун со лажни пасоши пред лет за Будимпешта, објавија грчките медиуми. Според веб сајтот на нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ , има директен лет од Солун за Будимпешта секоја среда и недела.

    35-годишниот Бошкоски и 51-годишниот Грујевски, обвинети за нелегално прислушување од СЈО, беа во бегство три месеци, откако на 26 јули полицијата не ги најде дома да ги спроведе во притвор.
    Според соопштението на полицијата за двајцата приведени, објавено од грчките медиуми, за нив имало потерница од Интерпол за организиран криминал во Македонија. Двајцата веќе се упатени кај јавен обвинител, каде што се води постапка за фалсификувани документи, а дури потоа ќе се одлучува за потерницата од Интерпол.

    Профилите на обвинетите Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои се во бегство од 26 јули, беа објавени на веб сајтот на Министерството за внатрешни работи во делот „Потраги“ на 30 јули.

    На 28 септември, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во Охрид имаше работна средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Орбан во Македонија допатува како лидер на партијата Фидес, сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во фамилијата Европски народни партии и се задржа три часа.

    Ексначалникот на Петтата управа во МВР Грујевски и вработениот во УБК Бошкоски се обвинети од СЈО за нелегално прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало, за да нема докази за масовното кршење на човековите слободи и права. Тоа се предметите на Специјалното обвинителство „Тврдина“ и „Таргет“, кои сега се споени во еден предмет.

    Грујeвски е главниот обвинет во „Тврдина“ и „Таргет“, а Бошкоски, пак, според обвинението, е извршителот на наредбите на тогашниот началник Грујовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира