ДВОКАТНИОТ АВТОБУС ВО ОХРИД МИСТЕРИОЗНО ИСЧЕЗНА, ПА СЕ ПОЈАВИ ПО ЕДНА ГОДИНА БАШ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

    ДВОКАТНИОТ АВТОБУС ВО ОХРИД МИСТЕРИОЗНО ИСЧЕЗНА, ПА СЕ ПОЈАВИ ПО ЕДНА ГОДИНА БАШ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИДвокатниот автобус пред повеќе од една година мистериозно исчезна, но пред локалните избори исто така мистериозно се појави пред спортската сала „Билјанини Извори“ (Фото: СДК.МК)

    Двокатниот авотобус во Охрид, еден од неколкуте кои бившата влада им ги даде на користење на неколку македонски градови покрај оние во Скопје, пред повеќе од една година мистериозно исчезна, но исто така мистериозно се појави пред спортската сала „Билјанини Извори“.

    „Двокатниот автобус беше донесен пред платото на спортската сала во очи на сега завршените локални избори за градоначалник и советници на Охрид. Го донесоа од фабриката во стечај ЕМО каде што беше сокриен, иако некои велат дека таму бил даден на поправка откако вандали пред повеќе од една година  му ги искршија сите стакла и шофершајбната. Наводно, веќе во ЕМО не можеле да го чуваат, бидејќи објектот во кој бил сместен бил даден на продажба”, вели вработен во јавното претпријатие „Билјанини Извори“.

    Во времето кога автобусот го немаше пред платото на спортската сала, актуелниот директор  на ЈП „Билјанини Извори“ Ристе Мишев не одговори на нашите повици за да каже каде исчезна двокатниот автобус, но затоа се потруди да го донесе токму пред локалните избори. Тој и сега не одговори на прашањата за двокатниот автобус. Мишев на ова место дојде како кадар на ВМРО-ДПМНЕ и близок соработник  на сега веќе бившиот градоначалник Никола Бакрачевски.

    Двокатниот автобус кога беше донесен во Охрид беше најавуван како една од позначајните атракции за туристите и беше наменет за панорамско разгледување на градот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира