НОВИ ДЕВЕТ ПРАТЕНИЦИ ДОАЃААТ НА МЕСТО НА ИЗБРАНИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

    НОВИ ДЕВЕТ ПРАТЕНИЦИ ДОАЃААТ НА МЕСТО НА ИЗБРАНИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИПетре Шилегов ослободува едно пратеничко место, а Зоран Илиоски кој во првиот круг изгуби во трката за градоначалник на Битола останува пратеник во една од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ (Фото. О. Теофиловски)

    Татијана Лалчевска, Анета Симеска-Димоска, Лидија Тасевска, Ристе Ташев, Костадин Костадинов, Агим Муртезанов, и Костадина Ацевски  се новите пратеници од листите на СДСМ. Тие влегуваат место Петре Шилегов, кој стана градоначалник на Град Скопје, Стефан Богоев, градоначалник на скопската Општина Карпош, Курто Дудуш на Шуто Оризари, Максим Димитриевски на Куманово, Сашо Поцков на  Гевгелија, Коста Јаневски за Струмица и Благој Бочварски за Штип.

    И кај партиите на Албанците после завршување на локалните избори, ќе се смени составот во Собранието.

    Лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами си поднесе оставка од пратеничката функција за да се кандидира за градоначалник на Тетово. Тој изгуби и на негово место во Парламентот влегува Неџбедин Каремани.

    Мерал Узеири Ферати од ДПА, влегува во Парламентот место Бардиљ Даути, кој, исто така,  претходно си даде оставка и потоа се кандидираше за градоначалник на Тетово, но не влезе во втор круг.

    Г. ТРПЕНОСКИ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира