Рекордни 54 точки се поставени на дневен ред на втората седница на Советот на Општина Битола за в среда. Советот се формираше пред една недела.
Во еден ден, новата локална власт ќе ги разреши старите управни и надзорни одбори во шесте јавни претпријатија, јавни институции, зоолошката градина, градинките за деца и училишните одбори во основните и средните училишта. На нивно место ќе бидат поставени нови членови во управните одбори.
Во изминатиот период, добар дел од членовите во овие раководни тела без избирани и поставувани по партиски клуч, односно беа составени претежно од членови на претходната власт.
Ж. ЗДРАВКОВСКА