УШТЕ Е МИСТЕРИЈА ОД ШТО СЕ РАЗБОЛЕА 300 ГОСТИВАРЦИ, ВОДАТА Е ИСПРАВНА ЗА ПИЕЊЕ

    УШТЕ Е МИСТЕРИЈА ОД ШТО СЕ РАЗБОЛЕА 300 ГОСТИВАРЦИ, ВОДАТА Е ИСПРАВНА ЗА ПИЕЊЕВо гостиварската болница „Д-р Ферид Мурат“ минатата недела во рок од три дена над 300 пациенти побараа помош за болки во сомакот, пролив и повраќање

    Водата од градскиот водовод во Гостивар е исправна за пиење, соопшти Институтот за јавно здравје, отакако минатата недела беа направени дополнителни испитувања поради сомнение дека над 300 гостиварци се затруле и добиле стомачна болест со пролив, повраќање и болки во стомакот.
    Епидемиолозите од Институтот за јавно здравје во петокот зедоа дополнителни мостри од водата во градскиот водовод за да ја испитаат бактериолошката и хемиско-физичката исправност на водата.

    „Институтот за јавно здравје информира дека водата за пиење во Гостивар е исправна и безбедна за употреба. Тоа го покажала направената проширена физичко-хемиска анализа на квалитетот на водата. Иститутот потенцира дека водата за пиење во Гостивар е бактериолошки исправна, со добар физичко-хемиски состав и без присуство на пестициди“, велат од Министерството за здравство.

    Сомненијата дека над 300 гостиварци, кои во рок од три дена побараа медицинска помош во гостиварската болница, се затруле од водата за пиење, дојдоа откако Државниот санитарен и здравствен инспекторат минатата недела утврди дека не станува збор за труење со храна, бидејќи заболените не се хранеле од исто место. Од досегашните испитувања не е утврдено дали болкеста е предизвикана од вирус или од бактерија, иако првичните испитувања во гостиварската болница укажале дека станува збор за бактерија. Резултати од дополнителните анализи на мострите земени од пациентите сѐ уште нема.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира