ВИКТОР МИЗО Е ДИРЕКТОР НА ФИРМА НА КОЈА КАКО ВЛАДИН СЛУЖБЕНИК Ѝ ДАДЕ СТО ОТСТО ВЛАДИНИ СУБВЕНЦИИ, РЕЧЕ АНЃУШЕВ

    ВИКТОР МИЗО Е ДИРЕКТОР НА ФИРМА НА КОЈА КАКО ВЛАДИН СЛУЖБЕНИК Ѝ ДАДЕ СТО ОТСТО ВЛАДИНИ СУБВЕНЦИИ, РЕЧЕ АНЃУШЕВВицепремиерот Кочо Анѓушев на денешната собраниска седница за пратенички прашања. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев рече дека во претходните 5 до 6 години начинот на доделување на владини субвенции за странските инвестиции бил крајно нетранспарентен.

    „Другото име на дискрецијата се вика корупција“, рече Анѓушев на денешната седница за пратенички прашања во Собранието.

    Тој како пример за отворен конфликт на интереси го посочи поранешниот директор на ТИРЗ, Виктор Мизо.

    „Поранешниот директор на технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) Виктор Мизо сега е директор на „Костал“, германска фирма која има погон во Струга. Како владин службеник преговараше и на германската фирмата ѝ овозможил да потпише договор со право за неплаќање на придонесите за здравствено и пензиско осигурување за вработените. „Костал“ е единствената странска инвестиција која добила право да не ги плаќа придонесите за вработените, како дел од државните олеснувања за странските инвеститори“, одговори Анѓушев на пратеничко прашање за странските инвестиции во Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира