ОХРИДСКИОТ КЕЈ И ОКОЛНИТЕ УЛИЦИ ПОПЛАВЕНИ ОД ДОЖД

    ОХРИДСКИОТ КЕЈ И ОКОЛНИТЕ УЛИЦИ ПОПЛАВЕНИ ОД ДОЖДОгромни количини трска и најразновиден комунален отпад се наталожени кај пристаништето и шеталиштето, поплавени се улиците во центарот на градот (Фото: СДК.МК)

    Во врнежите во Охрид синоќа паднаа 22 литри на метар квадратен, а силниот дожд го поплави крајбрежјето во централниот дел на градот и околните улички каде што има бројни ресторани и кафулиња.

    Надлежните екипи се на терен во текот на целиот ден. Градската мрежа тешко ја прифаќаше надојдената вода, па екипите на „Нискоградба“ реагираа соодветно на повеќе точки. Најлоша беше состојбата на  делот кај кафе барот „Аквариус“, и на булеварот Туристичка, како и  на повеќе други  локации во градот.

    „По силното вчерашно невреме проследено со силни врнежи и ветaр од јужен правец, нашите екипи го чистат градскиот кеј на потегот од градското пристаниште до Холандскиот парк. Огромни количини окрек, трска и најразновиден комунален отпад се наталожени кај пристаништето и шеталиштето. Иако во мошне лоши временски услови, нашите вработени рачно го расчистуваа натрупаниот отпад, бидејќи специјалната механизација е ангажирана во расчистување во поплавеното подрачје во село Долно Лакочереј”, вели Љупчо Грдановски, директор на „Охридски Комуналец”.

    Д. ЧУБРИЌ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира