НЕЗАВИСНО РЕВИЗОРСКО ТЕЛО ЕДНАШ ГОДИШНО ЌЕ ЈА ПРОВЕРУВА РАСПРЕДЕЛБАТА НА ПРЕДМЕТИТЕ КАЈ СУДИИТЕ

    НЕЗАВИСНО РЕВИЗОРСКО ТЕЛО ЕДНАШ ГОДИШНО ЌЕ ЈА ПРОВЕРУВА РАСПРЕДЕЛБАТА НА ПРЕДМЕТИТЕ КАЈ СУДИИТЕОткако работната група на Министерството за правда најде злоупотреби во АКМИС-системот во Основниот суд Скопје 1, при распределбата на предметите кај судиите, министерот за правда Саљији најавува дека во иднина вакви злоупотреби нема да се случуваат. - Министерот Саљији на владина седница (Фото: Влада)

    Независно ревизорско тело еднаш годишно ќе врши контрола во комјутерскиот систем за автоматска распределба на судски предмети (АКМИС), вели министерот за правда Билен Саљији.

    Откако  работната група на Министерството за правда најде злоупотреби во АКМИС-от во Основниот суд Скопје 1, при распределбата на предметите кај судиите, министерот најавува дека во иднина вакви злоупотреби нема да се случуваат.

    „Ќе се врши перманентна контрола на АКМИС-от. Независно ревизорско тело, покрај Министерството за правда еднаш годишно ќе врши контрола на распределбата на предметите кај судиите. Ова мерка ја спроведува по препорака на Европската комисија, а ќе го земеме примерот од Хрватска“, вели Саљији.

    Заменик-министерот за правда Оливер Ристовски пред два месеци за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека работната група на Министерството за правда ги пронашла сите злоупотреби во компјутерскиот систем за автоматска распределба на судските предмети (АКМИС) по двете контроли во Основниот суд Скопје 1. Тогаш Ристовски најави дека извештајот ќе биде објавен јавно, со доказите кои ќе му бидат поднесени на редовното Јавно обвинителство.

    Увид во АКМИС-от во скопскиот Кривичен суд почна и Специјалното јавно обвинителство, кога обвинителите од СЈО вршеа претрес во канцеларијата и во домот на екс претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски, осомничен за оддавање службена тајна и за местење судски предмети преку овој систем.

    „Со наредба од судот ги одземавме сите податоци од компјутерскиот систем за распоредување на предмети. Едната предистражна постапка е поврзана со друг предмет кој произлегува од прислушуваните разговори“, рече тогаш специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира