КОЛИ ДЕНЕС СЛОБОДНО СЕ ДВИЖЕА ДО СРЕДНО ВОДНО ОТИ СИТЕ ЕКИПИ НА МВР БИЛЕ АНГАЖИРАНИ ЗА ПРОТЕСТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ

    КОЛИ ДЕНЕС СЛОБОДНО СЕ ДВИЖЕА ДО СРЕДНО ВОДНО ОТИ СИТЕ ЕКИПИ НА МВР БИЛЕ АНГАЖИРАНИ ЗА ПРОТЕСТОТ НА ВМРО-ДПМНЕОд Град Скопје им се извинија на граѓаните за колите кои слободно се движеа до Средно Водно.(Фото:Град Скопје)

    Забраната за движење на возила до Средно Водно денеска не важеше оти Министерството за внатрешни работи немало доволно екипи да постави патроли.

    Возилата слободно се движеа кон Водно, немаше кој да ги спречи да ја почитуваат мерката која ја воведе Град Скопје со цел заштита на парк шумата Водно. Иако за спроведување на мерката потребни се само две возила на полицијата, денеска нив ги немаше бидејќи биле ангажирани за најавениот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда, закажан за 16.30 часот.

    Минатиот викенд, кога беше воведена забраната едно возило на полицијата стоеше на патот за Водно кај француската амбасада а второто кај манастирот Свети Пантелејмон.

    „Сообраќајната полиција денеска не беше во можност да постави патроли на двата влеза на Водно заради најавените протести во центарот на Скопје и очекуваните автобуси од другите градови. Им се извинуваме на рекреативците за малкуте возачи кои не ги почитувале знаците за забраната за движење за викенди и празници“, велат од Град Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира