ВАНГЕЛОВСКИ В ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ОДГОВОРИ НА ОБВИНУВАЊАТА НА МИНИСТЕРОТ САЉИЈИ ДЕКА ВРХОВЕН МЕСТЕЛ СУДСКИ ПРЕДМЕТИ

    ВАНГЕЛОВСКИ В ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ОДГОВОРИ НА ОБВИНУВАЊАТА НА МИНИСТЕРОТ САЉИЈИ ДЕКА ВРХОВЕН МЕСТЕЛ СУДСКИ ПРЕДМЕТИОд кабинетот на Вангеловски два часа после прес-конференцијата на министерот Саљији, на која рече дека во Врховниот суд наместо случаен избор на судија се добивал очекуван избор на судија, испратија сооштение во кое се вели дека претседателот на Врховен в понеделник ќе објави реакција.(Фото:СДК.МК)

    Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски в понеделник ќе му одговори на министерот за правда Билен Саљији, кој денеска обвини дека во Врховниот суд наместо случаен избор на судија се добивал очекуван избор на судија.

    Од кабинетот на Вангеловски два часа по прес-конференцијата на министерот Саљији, во кој беше презентирани Извештајот на работната група за работата на судовите во 2016 и 2017 година, испратија сооштение во кое се вели дека претседателот на Врховен в понеделник ќе објави реакција.

    Саљији денес рече дека судските предмети во Основниот суд Скопје 1 и во Врховниот суд се делеле рачно, а не преку Системот за автоматска распределба на судски предмети (АКМИС).

    Во извештајот стои дека во Врховниот суд АКМИС-от се применувал според претходно применета рачна прераспределба на предмети за што постои писмена одлука од Претседателот на судот, но таа не е во согласност со одредбите на Судскиот Деловник.

    „На овој начин наместо случаен избор на судија се добива очекуван избор на судија. Не било формирано Работно тело за управување со движењето на предметите во судот. При промена на претседателот на судот веднаш се носел нов распоред за работа на судии. Не се почитувала процедурата за годишна промена на распоредот, на пример во 2017 година Годишниот распоред за работа на судиите бил сменет 9 пати“, кажа Саљији.

    Јово Вангеловски е претседател на Врховен суд од март 2017 година. Пред него на оваа функција беа Лидија Неделкова (до декември 2016 година) и Снежана Бајлозова (до март 2017).

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира