НИКОЈ НЕМА ДА БИДЕ ИЗЗЕМЕН ОД ОДГОВОРНОСТ ЗА КОРУПЦИЈА, УВЕРУВА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ

    НИКОЈ НЕМА ДА БИДЕ ИЗЗЕМЕН ОД ОДГОВОРНОСТ ЗА КОРУПЦИЈА, УВЕРУВА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВВо видео обраќањето по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата, Заев ги повика и граѓаните да учествуваат рамноправно во справувањето (Фото: Влада на РМ)

    Премиерот Зоран Заев уверува дека никој нема да биде изземен од одговорност за корупција, во видео обраќањето по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата. Тој вели дека коруптивното дејствување е сериозна закана за економскиот и за севкупниот развој на Македонија и дека борбата со ова зло е обврска што ја презела оваа власт, но ги повика и граѓаните да учествуваат рамноправно во справувањето.

    „Нашата Влада и јас како премиер, но и сите претставници на локалната власт, како и претставниците од граѓанскиот сектор и од приватниот сектор, имаме одговорност да се справиме со сериозните предизвици  што корупцијата ги поставува пред нас. Корупцијата е закана за воспоставување на владеење на правото, а ние презедовме обврска дека во Македонија ќе владее правото. Затоа, мораме да дејствуваме одлучно и со нула толеранција кон корупцијата. Ве охрабрувам и вас, активно да се вклучите во oваа заедничка борба, преку пријавување на корупцијата и без страв од последици. Со ова јасно укажувам дека никој нема да биде изземен од одговорност“, рече Заев и дидаде дека од успехот на борбата против корупцијата, зависи успехот на државата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира