КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ГО СПАСИЛ БРАТ МУ ОД ДРОГА, А ПОРАДИ ТАТКО МУ НЕ ПИЕ АЛКОХОЛ

    КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ГО СПАСИЛ БРАТ МУ ОД ДРОГА, А ПОРАДИ ТАТКО МУ НЕ ПИЕ АЛКОХОЛЗаедно ги надминаа сите проблеми. - Кристијано Роналдо со братот, мајката и најстариот син (Фото: Ројтерс)

    Кристијано Роналдо ретко го експонира своето семејство во јавност, но на доделувањето на Златната топка во Париз беше придружуван од дел од најблиските.

    Меѓу нив беше и малку познатиот брат на Кристијано, десет години постариот Хуго Авеиро, кој имаше сосема поинаков, дури и проблематичен живот.

    Хуго долго време се бореше со зависност од алкохол и дроги, сѐ додека Кристијано не се ангажираше да му помогне. Ѕвездата на Реал Мадрид потроши многу пари за да му обезбеди лекување во најдобрите светски клиники и тоа вроди со плод.

    Хуго денес е чист и го води музејот на Роналдо во Мадеира.

    „Да не беше Кристијано, мислам дека денес немаше да го има ни Хуго. Тој му помогна не само со пари, туку и со голема волја“, вели нивната мајка Долорес.

    Зависностите отсекогаш биле голем проблем во семејството на Кристијано Роналдо. Неговиот татко Жозе Диниш починал од алкохолизам кога Кристијано имаше само 20 години и тоа е главната причина што тој не пие денес или најмногу чаша вино или шампањско.

    „Тоа многу го погоди и му го обележа животот. Тој се зарече дека никогаш нема да биде како татко му, со кој, инаку, беше доста близок. Тој ќе беше многу горд на Кристијано да го види денес“, вели Долорес.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира