Едно куче во Тајланд стана првото куче на светот на кое, место нозете, му беа ставени високотехнолошки протези, направени од истиот материјал како оние што ги носат параолимписките спортисти.
Кола, двегодишна мешанка, почна да трча само пет минути откако ѝ беа вградени протезите, објави една фондација за кучиња од Пукет.
„Многу сме среќни кога ја гледаме Кола како трча со своите нови нозе. Убаво е да се види како се игра и трча како други кучиња“, кажа основачот на фондацијата, Џон Дејли.
Кола ги загубила двете предни нозе кога имала само шест месеци, откако еден жител на Бангкок ѝ ги пресекол со меч, лут затоа што му ги изгризала чевлите.
Сопругата на Дејли, која, исто така, останала без нозете пред десет години поради сепса, потоа ја презела грижата за кучето, по што се преселиле во 840 километри оддалечениот Пукет. Протезите за Кола ги обезбедила истата лабораторија која ѝ помогнала на Џил Дејли.