Фоторепортерот на САКАМДАКАЖАМ.МК Ѓорѓи Личовски ја освои наградата на ЕУ „Жан Моне“ за 2017 за најдобра фотографија, за снимката на рибарите на Дојранското Езеро.
„Жан Моне“ за 2017 за најдобра новинарска сторија освои Александар Манасиев, новинар на Топ тема на ваша страна на телевизија Телма, за текстот за фалификуваните дипломи за англиски јазик на кандидатите за обвинители.
„Жан Моне“ годинава беше на тема „ЕУ за тебе“, а признанието носи и парична награда од 1.000 евра.
Заблагодарувајќи се за наградата, Личовски рече дека 2017 беше особено тешка за македонското новинарство, оти над 100 новинари и фоторепортери останаа без работа.
Наградите ги додели амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар.