ОД ГРАДСКИОТ ПАРК ВО ВЕЛЕС УКРАДЕНИ 31 САДНИЦА ДРВЈА

    ОД ГРАДСКИОТ ПАРК ВО ВЕЛЕС УКРАДЕНИ 31 САДНИЦА ДРВЈАПрвиот ден украдени биле 16, а вториот 15 садници зимзелени дрвја засадени во пред два дена (Фото: СДК.МК)

    Од Градскиот парк во Велес изминативе два дена украдени се 31 штотуку засадена садница дрвја. Првиот ден украдени биле 16, а вториот 15 садници зимзелени дрвја. Кражбата ја забележале вработените од „Паркови и зеленило“, кои завчера засадиле дрвјата.

    „Само еден ден откако во Градскиот парк се насадија 40 нови едногодишни садници од бор и смарагдна туја, несовесни граѓани веќе откорнале 31. Првиот дена се откорнати 16, а вториот 15. Апелираме до граѓаните да покажат поголема свест за зачувување на животната средина“, изјавија од авното комунално претпријатие „Дервен“.

    Во вторникот во Градскиот парк во рамките на есенското засадување, биле засадени 40 нови борови и туји. Во овој период од два месеци, кога според стручните лица е најдобро да се засадуваат нови садници дрвја, на повеќе локации од Велес се засадени повеќе од 300 разни видови едногодишни дрвја. Комуналците се сомневаат дека украдените садници завршиле во дворовите на велешани.
    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира