До 25 декември ќе се знае името на новиот министер за здравство, поширока реконструкција на владата нема да има, само пополнување на празните места, кажа денеска вицепремиерот Бујар Османи.
„Мислам дека собраниската агенда не дозволува било какво разгледување на нови предлози пред 25 декември. Овие денови ќе се искористат за дополнителни консултации по однос на прашањето за назначување на нов министер за здравство“, одговори Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања Бујар Османи по потпишувањето на договорот за економско-техничка соработка со Кина.
Во јавноста се појавија три имиња како потенцијални кандидати за министер за здравство. Директорот на болницата „8 септември“, Христијан Костов, советникот на премиерот Зоран Заев за здравство Венко Филипче, и предлогот на Алијансата за Албанците Вулнет Ферати.
Министерското место е испразнето од локалните избори, кога дотогашниот министер Арбен Таравари беше избран за градоначалник на Гостивар.