ВЕНКО ФИЛИПЧЕ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО, ДРУГИТЕ ИМИЊА ЌЕ ЈА ЧЕКААТ СРЕДБАТА ЗАЕВ-СЕЛА

    ВЕНКО ФИЛИПЧЕ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО, ДРУГИТЕ ИМИЊА ЌЕ ЈА ЧЕКААТ СРЕДБАТА ЗАЕВ-СЕЛАКога ќе ги достават другите владини коалициони партнер имињата за испразнетите места, во пакет премиерот Зоран Заев ќе ги достави наскоро до Собранието. - Неврохирургот Венко Филипче (Фото: СДК.МК)

    Неврохирургот Венко Филипче е потврден кандидат за министер за здравство.

    „Венко Филипче е потврден кандидат за министер за здравство. Кога ќе ги достават другите владини коалициони партнер имињата за испразнетите места, во пакет премиерот Зоран Заев ќе ги достави наскоро до Собранието“, рече Миле Бошњаковски, портпарол на Владата на денешната прес-конференција.

    За имињата за заменик министер за образование и за министер без ресор и дали во владата ќе остане Алијансата за Албанците на Зијадин Села, ќе се знае по средбата на Зоран Заев и Зијадин Села, најавена за утре.

    Министерското место за здравство беше испразнето од локалните избори, кога дотогашниот министер Арбен Таравари беше избран за градоначалник на Гостивар.

    Владата на вчерашната седница донела одлука за формира совет за реформи на администрацијата, како советодавно и мониторинг тело за спроведување на мерките за реформа на администрацијата. Со советот ќе претседава премиерот Зоран Заев. Владата изготвила измени на Законот за полиција со кој се ограничува употребата на средства за присилба од припадниците на министерството за внатрешни работи.

    Со предлогот се прецизира употребата на гумени куршуми, полициска палка, електричен парализатор, службени кучиња, и други мерки за присилба.

    „Со измените, ќе се прецизираат дискреционите права на полициските службеници при примена на средствата за присилба. Со измените се прецизираат начинот, условите и во кои ситуации се дозволено употребата на средствата за присилба“, рече Бошњаковски.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира