БУГАРИЈА Е ПРЕТСЕДАВАЧ НА ЕУ ДО 30 ЈУНИ

    БУГАРИЈА Е ПРЕТСЕДАВАЧ НА ЕУ ДО 30 ЈУНИНовата влада на Зоран Заев посвети максимално внимание на развивање на односите со Бугарија и неговата прва посета како премиер беше на Софија, а со бугарскиот премиер Бојко Борисов на 1 август во Скопје беше потпишан Договорот за пријателство, добрососедство и соработка (Фото: СДК.МК)

    Бугарија од денеска е новиот претседавач со Советот на Европската Унија, односно официјално претседава со ЕУ, на која се приклучи во 2007 заедно со Романија.

    „Земјата ќе бара баланс помеѓу специфичните приоритети на земјитe членки и стратешките приоритети на ЕУ за постигнување на реални, видливи резултати во активен дијалог со граѓаните за европските прашања и одговори на нивните очекувања за поголема безбедност, вработување, одржлив раст и посилно присуство на ЕУ на светската сцена. Кога зборуваме за обединета Европа, не треба да заборавиме дека Западниот Балкан има потреба од јасна европска перспектива и поврзаност меѓу нив и со земјите членки“, се вели на официјалниот сајт за бугарското претседавање со ЕУ.

    Бугарија со Унијата ќе претседава до 30 јуни, кога ќе го предаде претседателството на Австрија.

    Бугарија се соочи со критики од ЕУ, при што блокот упатува на нерамнотежи во економските и социјалните прашања и она што го гледа како високо ниво на корупција.

    Новата влада на Зоран Заев посвети максимално внимание на развивање на односите со Бугарија, и неговата прва посета како премиер беше на Софија, за средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој уште тогаш најави силна поддршка за Македонија. Тоа се ефектуираше преку потпишување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка на 1 август в0 Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира