СЕРЕНА СЕ ОТКАЖА ОД АВСТРАЛИЈА ОПЕН ЗАТОА ШТО МИСЛИ ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА ГО ОСВОИ

    СЕРЕНА СЕ ОТКАЖА ОД АВСТРАЛИЈА ОПЕН ЗАТОА ШТО МИСЛИ ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА ГО ОСВОИЛани во Мелбурн ја освои титулата кога веќе беше трудна. - Серена Вилијамс (Фото: АП)

    По Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, и Серена Вилијамс го одложи својот камбек на тениските терени, откако го откажа настапот на Отвореното првенство на Австралија, но вели дека тоа нема никаква врска со тоа што стана мајка пред само четири месеци.

    Таа изјави дека нема да ја брани титулата во Мелбурн затоа што не е убедена дека може да ја освои повторно.

    Вилијамс настапи на егзибицискиот турнир во Абу Даби минатиот викенд, со цел да ја провери својата подготвеност и по поразот од Олена Остапенко навести дека, можеби, сепак, нема да патува за Мелбурн.

    „Откако настапив во Абу Даби, сфатив дека иако сум многу блиску, лично не сум таму каде што сакам да бидам. Во мојот тим секогаш го имаме ставот да ги играм само оние турнири на коишто можам да одам до самиот крај. Јас можам да учествувам, но не го сакам само тоа. Мислам дека ми треба уште малку време. Иако ова е разочарувачка одлука за мене, решив да го откажам настапот на Австралија опен“, соопшти Серена, која трудна ја освои ланската титула.

    На Вилијамс ѝ треба само уште една гренд слем титула, за да го израмни рекордот на Маргарет Корт од 24 трофеи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира