Премиерот Зоран Заев од денес до 17 јануари е на зимски одмор, соопшти владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција во Владата.
Бошњаковски кажа дека Заев зимскиот одмор ќе го користи во Италија, но не кажа во кој скијачки центар престојува премиерот.
И пред три години, Заев, тогаш како лидер на опозицијата, беше на зимски одмор во Италија.