КИНА ЌЕ КУПИ 184 ЕРБАСИ, ОБЈАВИ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МАКРОН

    КИНА ЌЕ КУПИ 184 ЕРБАСИ, ОБЈАВИ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МАКРОНКина ја најави набавката на ербас авионите за време на посетата на францускиот претседател Емануел Макрон (Фото:АП)

    Кина планира да купи 184 „ербас А 320“ авиони, соопшти францускиот претседател Емануел Макрон.

    Кинескиот претседател Кси Џинпинг кажа дека неговата влада ќе ја задржи рамноправноста на пазарот меѓу Ербас и неговиот американски ривал Боинг, рече Макрон на прес конференцијата во Пекинг.

    Кина често најавува големи набавки на авиони и други големи зделки за време на посетите на странски лидери, како обид да се намалат трговските тензии.

    Макрон рече дека допрва ќе ги прецизираат деталите за финансиите. Според листата на цени на А 320 целосната нарачка може да изнесува 18 милијарди долари, но големите купувачи често добиваат и големи попусти.

    „Кина ќе го задржи обемот на набавки во иднина и ќе го задржи еднаквиот однос на пазарот меѓу Ербас и Боинг“, рече Макрон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира