Ставре Џиков, адвокатот на Игор Дурловски, денеска од Апелациониот суд побара неговиот клиент да биде пуштен од притвор со образложение дека станува збор за татко три деца и национален уметник, кој ја претставува земјата во странство и поради тоа нема да бега. Дурловски, кој дојде од истражниот затвор во Шутка на јавната расправа во Апелација, кажа дека нема што да додаде на излагањето на неговиот адвокат.
Вишото јавно обвинителство потсети дека Дурловски, еден од водачите на „За заедничка Македонија“, е осомничен за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата и дека местото на вршење на кривичното дело е законодавниот дом. Побара Дурловски да остане во притвор, т.е. да се одбие неговата жалба.
Во Скопска апелација беше и оперската певица Ана Дурловска, сопруга на притворениот Дурловски за учество во организираниот напад во Собранието на 27 април. Таа беше со маичка на која е отпечатен ликот на нејзиниот сопруг, со натпис: „Правда за Игор“. Советот на Апелациониот суд треба одлука по жалбата на Дурловски да донесе во текот на следните денови.
С. К. ДЕЛЕВСКА