ЗАКОПАНИ ГЛЕЧЕРИ ЗАБЕЛЕЖАНИ НА МАРС

    ЗАКОПАНИ ГЛЕЧЕРИ ЗАБЕЛЕЖАНИ НА МАРСОткритието е направено врз основа на сликите и податоците од вселенското летало МРО, кое беше лансирано 2005 година.

    Закопани глечери забележани се на Марс, со што се нудат повеќе информации за тоа колку вода би можело да е достапна на црвената планета, велат истражувачите. Иако одамна е познато дека има мраз на Марс, подобро разбирање за длабочината и локацијата на глечерите може да биде од витално значење за идните истражувања, вели извештајот во американскиот Журнал за наука.

    „Астронаутите би можеле да одат таму со кофа и лопата и да ја добијат сета вода што им е потребна“, кажа коавторот Шејн Бурн од Универзитетот на Аризона и планетарна лабораторија во Тусон.

    Некои од вкупно осумте глечери што се забележани на Марс, се плитки неколку метри, а некои одат во длабочина од 100 метри и повеќе. На површината на Марс се појавија, бидејќи местата биле изложени на ерозија.

    „Овие подземни гребени се чини дека се чист мраз“, се вели во извештајот.

    Откритието е направено врз основа на сликите и податоците од вселенското летало МРО, кое беше лансирано 2005 година. Научниците сметаат дека мразот е пораспространет на црвената планета, отколку што претходно се мислело, кажа главниот автор Колин Диндас, геолог од американскиот Геолошки истражувачки центар во Флагстаф во Аризона.

    „Има плиток слој подземен мраз кој е раширен на една третина од површината на Марс, што е евидентирано со неодамнешните податоци“,кажа Диндас.

    Истражувачите сметаат дека мразот е создаден неодамна, бидејќи тие изгледаат мазно на површината, нечепнати од кратерите кои се формираат на планетата со текот на времето. Гребените се лоцирани и на северната и на јужната хемисфера на Марс на географска ширина од 55 до 58 степени, што на Земјата би било слично на Шкотска или на дел од Северна Америка.

    НАСА планира првите луѓе истражувачи на Марс да ги прати до 2030 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира