ЗАГАДУВАЊЕТО И ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ДЕЛ ОД МАСКИТЕ НА ВЕВЧАНСКИОТ КАРНЕВАЛ

    ЗАГАДУВАЊЕТО И ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ДЕЛ ОД МАСКИТЕ НА ВЕВЧАНСКИОТ КАРНЕВАЛПо улиците во Горна и Долна маала преку маски се пресликуваа случувањата минатата година, не само во земјава, туку и во светот. (Фото: М. Златевска)

    Загадувањето, патните трошоци на пратениците, двојазичноста, нападот во Собранието на 27 април, правата на ЛГБТ заедницата, беа само дел од пораките и маските кои денеска продефилираа на Вевчанскиот карневал.

    По улиците во Горна и Долна маала преку маски се пресликуваа случувањата од минатата година, не само во земјава, туку и во светот.

    Низ Вевчани продефилираа и претседателот на САД Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија, германската канцеларка Ангела Меркел.

     

    На дефилето на маски не изостанаа ни глупави августи, ѓаволи, музиканти и голем број групни маски, како мали сцени на отворено.

    Вевчанскиот карневал е еден од најпознатите на Балканот и се верува дека е стар 1.400 години. Во 1993 година, Вевчанскиот карневал официјално стана дел од Светската федерација на каренвалски градови.

    Британскиот амбасадор во земјава Чарлс Гарен со семејството беше меѓу гостите на Вевчанскиот карневал (Фото:М.Златевска)

    Вевчанскиот карневал завршува утре, со традиционалното палење на маските.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира