ДУИ ќе поднесе амандман на Предлог на закон за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија со кој што ќе се укине надоместокот за патни трошоци за сите функционери.
Ова го најави пратеникот Џеват Адеми на денешната седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика на која што се расправаше за предлогот на СДСМ за намалување на патните трошоци за пратениците за една третина.
„Ајде на овој начин да ги испровоцираме другите функционери и да не сме ние на мета постојано. Да се жртвуваме, за новинарите да не пишуваат за нас“, рече Адеми.
На Адеми му реплицираше пратеникот Павле Богоевски, кој кажа дека се сложува со предлогот, но додаде дека таквото решение е само привремено.