ФЕДЕРЕР ВО ДРУШТВОТО НА СЕРЕНА, ГРАФ И КОРТ СО 20 ГРЕНД СЛЕМ ТИТУЛИ

    ФЕДЕРЕР ВО ДРУШТВОТО НА СЕРЕНА, ГРАФ И КОРТ СО 20 ГРЕНД СЛЕМ ТИТУЛИРоже Федерер по шести пат славеше на Австралија опен, израмнувајќи се со Новак Ѓоковиќ и Рој Емерсон (Фото: ААП)

    Роже Федерер ја одбрани титулата на Отвореното првенство на Австралија и стана првиот машки тенисер кој успеал да освои 20 гренд слем трофеи.

    Триесет и шестгодишниот Швајцарец во финалето беше подобар од Хрватот Марин Чилиќ со 6:2, 6:7, 6:3, 3:6, 6:1. Тоа се и единствените сетови што Федерер го изгуби во текот на целиот турнир. За утеха, Чилиќ, кој останува на еден гренд слем трофеј, од утре ќе биде трет на АТП-листата, што му е најдобар пласман во кариерата. 

    Во женска конкуренција, повеќе од 20 гренд слем титули имаат освоено Серена Вилијамс, Штефи Граф и Маргарет Корт.

    Федерер по шести пат го освои Австралија опен, израмнувајќи се со Новак Ѓоковиќ и со Рој Емерсон. Тој има и осум триумфи на Вимблдон, пет на Отвореното првенство на САД и еден на Ролан Гарос.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира