Подготвени сме да прифатиме географска одредница за името, рече премиерот Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со евроамбасадорот во Македонија Самуел Жбогар.
„Сакам да успее преговарачкиот процес, ние сме подготвени за географска одредница, и тука ќе застанам затоа што знам дека ова е чувствително прашање. Да дадеме шанса да успее преговарачкиот процес. Нашите ставови се јавни и се надевам на решение“, изјави Заев.
Тој рече дека во преговарачкиот процес со Грција за спорот со името се пристапува со доза на внимателност и затоа не сака да дава повеќе детали.
„Многу изгледа тешко, но не очекувавме да биде лесно, посветени сме на процесот, може да се најде решени и за овој тежок проблем“, рече Заев.