Премиерот Зоран Заев најави реконструкција на Владиниот кабинет поради зголемување на бројот на пратениците на владејачкото праламентарно мознинство. Тој ова го најави на отворената граѓанска трибина во Општина Конче, каде Заев присуствуваше со министерот за земјоделие Љупчо Николовски и директорката на УЈП Сања Лукаревска. Одговарајќи на новинарско прашање зошто да се чека десет месеци од формирањето на оваа Влада за да има смена на функционери кои ниту знаат, ниту пак се трудат ,Заев одговори дека реконструкција ќе има бидејки ќе расте бројот на пратениците во владејачката парламентарна група.
„Прво, ќе има реконструкција затоа што ќе расте бројот на пратениците во владејачката парламентарна група. Разговараме со дополнителни пратеници и мислам дека треба да овозможиме стабилност на парламентот од повеќе аспекти. Јас се надевам дека и опозицијата ќе се врати, но и вкупиот број на парламентарното мнозинство би требало да биде посоодветно за да нема прекини на седниците, паузи, собири на пратениците. Верувам дека ќе успееме и тоа ќе предизвика реконструкција на Владата“, рече Заев и уште еднаш потврди дека има функционери што не знаат, ниту пак се трудат во Владата.
„Огромен е бројот на луѓе во Владата што и знаат и се трудат, исто така голем е бројот што многу се трудат, а не знаат но се трудат да научат, меѓу другото има и такви кои ниту знаат, ниту се трудат. Апелирам до сите нив дека ние сме сервис на граѓаните и треба сите максимално да се посветиме на потребите на граѓаните“, кажа Заев кој не прецизираше кои се тие фунцкионери.
В. ТРАЈКОВ