Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе го утврди редоследот на листи на кандидати во гласачко ливче за предвремени парламентарни избори на 5 јуни.
Никола Груевски во интервју за агенцијата „Франс прес“ изјави дека без оглед на на најавениот бојкот од сите партии во државата, избори на 5 јуни ќе има.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за новинската агенција „Франс прес“ потврдил дека неговата партија е единствена од четирите големи партии која ќе учествува на изборите. Тој рекол: „Мојата партија ќе биде подготвена веднаш по формирањето на новото Собрание да се организираат дополнителни избори и да им се даде шанса на граѓаните да изберат. Сакаме заслужена победа“.