МАРОКО ПРОТИВ САД, МЕКСИКО И КАНАДА ВО ТРКАТА ЗА ДОМАЌИН НА ФУДБАЛСКИОТ МУНДИЈАЛ ВО 2026

    МАРОКО ПРОТИВ САД, МЕКСИКО И КАНАДА ВО ТРКАТА ЗА ДОМАЌИН НА ФУДБАЛСКИОТ МУНДИЈАЛ ВО 2026САД, Канада и Мексико сакаат заеднички да го организираат првиот мундијал на којшто ќе учествуваат 48 репрезентации

    САД, Канада и Мексико понудија дури 23 града, во коишто би се играле натпревари од Светското фудбалско првенство во 2026 година, доколку нивната заедничка кандидатура победи на гласањето на 13 јуни.

    Крајниот рок за поднесување кандидатури е денеска и засега, нивниот единствен конкурент е Мароко.

    Дури 17 градови од САД изразиле желба да бидат домаќини, но не и Чикаго, кадешто се наоѓа седиштето на Американската фудбалска федерација. Во Канада, мечевите би можеле да се играат во Торонто, Монтреал и Едмонтон, а од Мексико се пријавиле Мексико Сити, Гвадалахара и Монтереј. Од овие 23 градови, ФИФА потоа би избрала 16.

    Ова ќе биде прво првенство на коешто ќе настапат дури 48 репрезентации, па затоа ќе се играат 80 натпревари. Ако трите држави го добијат Мундијалот, дури 60 натпревари би се играле во САД, кои беа домаќини во 1994 година, кога беа забележани рекордни посети на стадионите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира