БРИТАНСКА КОМПАНИЈА ФАТЕНА КАКО НЕЛЕГАЛНО КОРИСТИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ОД ФЕЈСБУК И СЕ НУДИ ДА МЕСТИ УКРАИНКИ НА ПОЛИТИЧАРИ

    БРИТАНСКА КОМПАНИЈА ФАТЕНА КАКО НЕЛЕГАЛНО КОРИСТИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ОД ФЕЈСБУК И СЕ НУДИ ДА МЕСТИ УКРАИНКИ НА ПОЛИТИЧАРИИзвршниот директор на компанијата Александер Никс бил тајно снимен како предлага начини за дискредитирање политичари (Фото: Гети)

    Британскиот комесар за информации изјави дека ќе побара налог за да се испитаат базата на податоци и серверите на компанијата „Кембриџ аналитика“, која се сомничи дека искористила лични податоци на 50 милиони корисници на Фејсбук за влијание врз претседателските избори во САД во 2016 година.

    Истовремено, извршни директори на британската компанија биле снимени од камерите на „Ченл 4 њуз“ како предлагаат начини, вклучувајќи и поткуп, за дискредитирање политичари по пат на Интернет.

    „Можеме многу да направиме. Можеме да им понудиме нешто што нема да може да го одбијат и сето тоа да го снимиме со видео-камери. Можеме да пратиме девојки околу куќите на кандидатите. Украински девојки се многу убави, знам дека тоа функционира многу добро“, вели извршниот директор Александер Никс во една од снимките.

    Тој бил наместен од новинар на телевизијата, кој му се претставил како претставник на богат клиент со политички амбиции во Шри Ланка.

    Од „Кембриџ аналитика“ тврдат дека снимениот разговор бил „ужасно погрешно сфатен“.

    Комесарот Елизабет Денам веќе ја истражува компанијата откако се појавија тврдења дека таа злоупотребила податоци на 50 милиони корисници на Фејсбук.

    Ова било откриено од еден вработен во компанијата, кој тврди дека податоците биле собрани преку квиз на Фејсбук, креиран од еден академик. Компанијата не го испочитувала крајниот рок да дозволи пристап до своите сервери и бази и во меѓувреме беше суспендирана од Фејсбук.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира