СЈО ОТВОРИ ИСТРАГА ПРОТИВ ГРУЕВСКИ И АХМЕТИ ЗА ПРОПАДНАТИОТ ПОПИС

    СЈО ОТВОРИ ИСТРАГА ПРОТИВ ГРУЕВСКИ И АХМЕТИ ЗА ПРОПАДНАТИОТ ПОПИСЛидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ водејќи се од лични мотиви одлучилте потрошените пари да ги фрлат во вода, кажа Фетаи. (Фото: СДК.МК)

    Специјалното јавно обвинителство соопшти дека отворило истрага против поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и претседателот на ДУИ Али Ахмети. Груевски и Ахмети се осомничени дека намерно го прекинале пописот во 2011 година и со тоа ја оштетиле државата за 175 милиони денари.

    „Осомничените се договориле да го стопираат пописот. Со цел да избегнат одговорност, тие се договориле причините за стопирање на пописот да ги презентираат како проблеми од техничка природа, како некадарност на Државниот завод за статистика и на Пописната комисија. Причината за прекин на пописот не е она што е наведено од Владата, туку едноставно осомничените знаеле дека ќе им се нанесе штета на нивните партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и водејќи се од лични мотиви одлучиле потрошените пари да ги фрлат во вода“, изјави специјалната обвинителка Фатиме Фетаи на денешната прес-конференција во СЈО.

    Прес-конференцијата сè уште е во тек.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира