СТАРИТЕ ЗГРАДИ ВО ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЌЕ ДОБИЈАТ ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ФАСАДИ, НАЈАВИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НАУМОСКИ

    СТАРИТЕ ЗГРАДИ ВО ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЌЕ ДОБИЈАТ ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ФАСАДИ, НАЈАВИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НАУМОСКИ„Поставувањето на енергетски ефикасни фасади ќе се врши партнерски со граѓаните. Општината ќе учествува со одреден дел во реновирањето а на станарите ќе им бидат понудени поволни кредити од ‘Хабитат‘‘, вели градоначалникот Наумоски.- Од потпишувањето на Меморандумот за соработка со „Хабитат“.(Фото: Општина Ѓорче Петров)

    Општина Ѓорче Петров ќе ги реновира старите згради со нови енергетски ефикасни фасади.

    Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумоски и директорот на „Хабитат Македонија“ Зоран Костов потпишаа Меморандум за соработка за воспоставување регистар на станбени згради и станови и регистар на управители на станбени објекти. Откако ќе биде направен регистарот и ќе се види состојбата во која се наоѓаат зградите во општината, ќе стартува втората фаза реновирање на фасадите.

    „Очекуваме за два-три месеци да ги добиеме податоците за станбените објекти во општината. Имаме згради кои се стари повеќе од 50 години, градени после земјотресот и чии фасади се во лоша состојба. Поставувањето на енергетски ефикасни фасади ќе се врши партнерски со граѓаните. Општината ќе учествува со одреден дел во реновирањето, а на станарите ќе им бидат понудени поволни кредити од ’Хабитат‘. На тој ќе се зголеми енергетската ефикасност, а со тоа и намалување на трошоците на сметките, како и придонес кон заштитата од аерозагадувањето“, вели градоначалникот Наумоски.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира