Македонија се подготвува за евентуално зголемување на бројот на мигрантите на границата по нападите на Франција, САД и Велика Британија на Сирија, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
„Она што се случува денеска уште од раните утрински часови во Сирија покажува колку е кревка безбедносната ситуација во светот и колку за жал темите од типот на мир и безбедност повторно стануваат главни теми. Тоа ни покажува и нам како мала држава колку ние важно да бидеме дел од системи за колективна безбедност“, одговори министерката Шекеринска, на прашањето дали нападите на Сирија можат да имаат и импликации и врз Македонија.
Министерката за одбрана Шекеринска рече дека заедно со Министерството за внатрешни работи ќе имаат консултации околу евентуалното зголемување на мигрантите на границата.